Македонија 03. март 2021. / 19:49

Сепак, многу скоро може повторно да се гласа доверба на владата!

Сепак, многу скоро може повторно да се гласа доверба на владата!

Членот 93 од Уставот на Република Македонија гласи дека доколу довербата е изгласана од самата влада, тогаш не постои ограничување или рок кога повторно може да се гласа доверба.

Според членот 92 од Уставот, доколку довербата се постави од 20 пратеници и владата опстане, тогаш не може во рок од 90 дена било кои пратеници да побараат повторно гласање за доверба на владата.

Но, според член 93, доколу довербата е изгласана по барање на самата влада, тогаш нема ограничување или рок кога повторно може да се гласа доверба. Односно, теоретски по 20 дена, 20 пратеници може да поднесат повторно барања за гласање доверба и мора да им се стави на дневен ред.

Собранието попладнево, со 62 гласа „за“ и изгласа доверба на Владата, откако претходно тоа од пратенциите усно го побара премиерот Зоран Заев.

Бидејќи Заев денеска во Собранието, првпат на ваков начин во парламентарната историја во земјава, усно побара од пратениците да се изјаснат за доверба на Владата, сепак Уставот гласи дека доколу довербата е изгласана по барање на самата влада, тогаш не постои рок кога повторно може да се гласа доверба.