Македонија 22. октомври 2019. / 18:11

Американскиот Сенат вечерва гласа за протоколот за НАТО

Американскиот Сенат вечерва гласа за протоколот за НАТО

Американскиот Сенат попладнево по македонско време треба да гласа за ратификување на Протоколот за членство на Македонија во НАТО.

Претходница на денешното гласање беше синоќешното гласање во Сенатот кога со 84 гласови „ЗА“ и два гласа „Против“, беше изгласано ратификацијата на Пристапниот протокол да оди по скратена постапка.

Единствените гласови против дојдоа од редовите на Републиканската партија. Против гласаа сенаторот Мајк Ли од сојузната држава Јута и Ренд Пол од Кентаки. Во гласањето не учествуваа 14 сенатори.

САД е 25 земја членка на Алијансата што треба го ратификуваша овој протокол. Остануваат уште четири земји членки, по што Македонија и официјално ќе стане членка на НАТО.

Македонија очекува тоа да се случи до самитот на Алијансата во декември во Лондон, но политичката криза во Шпанија може да го одложи полноправното членство.

Земјата нема формирано влада, што во реалноста значи дека наместо во декември, земјава би станала дел од Алијансата еден или два месеци подоцна.