Бомбите на Ел Чека го стопија рејтингот на ДУИ, анализира весникот Независен.
–Најновата анкета изработена од „М-проспект“ покажува дека во албанскиот блок партијата на Зијадин Села ѝ се приближува на партијата на Ахмети. Според анкетата, доколку утре се одржат парламентарни избори, за ДУИ би гласале 5,1 отсто, за Алијанса за Албанците би гласале 4,2 отсто и за Беса 2,1 отсто, додека во македонскиот блок 25 отсто би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, додека пак за СДСМ би гласале 23,1 отсто – пишува весникот.
Причина за тоа според експертите е програмската криза која владее во ДУИ.
-ДУИ во моментот изгледа дека има идеолошка криза, можеби и програмска. Изгледа како партија која нема јасна цел на политичко постоење. Оваа ситуација станува уште поочигледна по усвојувањето на Законот за јазиците и решавањето на проблемот со името. Оваа партија едноставно остана без двете главни каузи, а нема капацитет да работи за ‘малите’ каузи што директно влијаат врз албанскиот граѓанин. Алијансата за Албанците изгледа како сезонска партија која се занимава со секојдневни инциденти, наместо проекти во интерес на сите албански граѓани, вели политичкиот аналитичар Џелал Незири заНезависен.