Македонија 19. декември 2020. / 10:11

Села ќе ја поддржи интерпелацијата на опозицијата за Никола Димитров

Села ќе ја поддржи интерпелацијата на опозицијата за Никола Димитров

Зијадин Села, лидерот на Алијанса за Албанците, синоќа во дебатниот магазин Клик плус на ТВ21 рече дека во Собранието пратениците на неговата партија ќе ја поддржат секоја иницијатива за интерпелација.

-Ненормално е да не гласам за интерпелација покрената од опозициска партија. Ние сме опозициска партија и би требало да ја поддржиме секоја иницијатива за интерпелација, рече тој.

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ вчера до Собранието поднесе предлог за интерпелација на вицепремиерот Никола Димитров со образложение дека го игнорирал законодавниот дом.