Македонија 06. март 2019. / 15:45

Села: Јас го направив Заев премиер, а тој се здружи со тие што сакаа да ме убијат!

Села: Јас го направив Заев премиер, а тој се здружи со тие што сакаа да ме убијат!

На заедничка прес конференција, лидерите на Беса, Биљал Касами и Алијансата за Албанците, Зијадин Села го претставија нивниот заеднички претседателскиот кандидат, професорот Блерим Река, пишува Инфомакс.

Одговарајќи на новинарски прашања, Зијадин Села изјави дека нема причина зошто би го поддржувал Зоран Заев понатаму, поради тоа што откако тој го направил премиер, Зоран Заев му се оддолжил со тоа што тргнал да ги освојува неговите општини и се здружил со како што вели вториот дел од peжимот, ДУИ. Села директно го обвини Заев дека поддржува кpиминал и го обвини дека се здружил со оние кои сакале на 27 април да го yбиjaт.

На директно прашање на Инфомакс кој кандидат ќе го поддржат доколку професорот Река не помине во вториот круг, Села наместо да одговори се конфpoнтираше со новинар на Инфомакс и посочи дека прашањето е тенденциозно. За разлика од него Биљал Касами е убеден дека Блерим Река е идниот претседател на Република Македонија.