Македонија 18. октомври 2019. / 16:10

Села бара предвремени избори-Владата треба да ја плати цената за неуспехот

Села бара предвремени избори-Владата треба да ја плати цената за неуспехот

Оставка на премиерот Зоран Заев и на владата и распишување на предвремени избори, побара лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села.

-И ние како и граѓаните длабоко сме разочарани, не од ЕУ туку од внатрешните случувања и немањето капацитет на власта да направи реформи. Дојдоа на власт само со ветувањето дека преку правда ќе се гради мир. Ниту правда градевме, ниту мир. Проблемот е што наместо да се соочи со корупцијата и криминалот владата стана дел од корупцијата. Владата наместо да ја избере правдата, прогресот, иднината како земја членка на ЕУ, одбра криминал. Владата треба да плати цена за неуспехот, рече Села.

Тој рече дека ќе учествува на лидерската средба во недела по повик на претседателот Стево Пендаровски.