Македонија 20. октомври 2019. / 21:29

Села: 12 април е датум за промени и враќање на демократијата

Села: 12 април е датум за промени и враќање на демократијата

Лидерот на Алијанса на Албанаците, Зијадин Села по лидерската средба рече дека сите се согласиле на 12 април да се одржат предвремени парламентарни избори.

Граѓаните сакаат промени. Граѓаните сакаат да се врати демократијата. Треба да ја вратиме надежта кај младите кои бегаат од државата немајќи услови за живот, за образование, немајќи сигурност – изјави Зијадин Села, претседателот на Алијансата за Албанците по вечерашната лидерска средба.