Македонија 02. април 2020. / 19:06

Секој што направил тест за антитела мора да направи тест и за присутност на корона вирусот

Секој што направил тест за антитела мора да направи тест и за присутност на корона вирусот

Секој што направил тест за антитела, мора да направи тест и за присутност на вирусот (антигенот) за да се знае дали е болен и дали може да ја шири зарзата. Стручно мислење на Комисијата за заразни болести е дека асимптоматските луѓе нема потреба да се тестираат, вели Министерот за здравство, Венко Филипче.

Во однос на времето од тестирањето до добивањето на резултатот, министерот појаснува дека постапката обично трае 24 часа.

– Ако се зема примерок во текот на денот, се анализира или вечерта или следниот ден. Тој процес трае 24 часа, а подразбира собирање, подготовка и изработка на земените материјали пред да се направи тестот во лабораторија – објасни Филипче.