Денеска се навршуваат 76 години од формирањето на 11-та Македонска бригада близу Кавадарци, потсети историчарот Петре Камчевски.
Најголемиот дел од борците во Бригадата биле од Тиквешијата, на возраст од 20 до 25 години. Бригадата дејствувала на патниот правец Прилеп-Градско и се борела со германските единици кои преку Грција низ Македонија, се повлекувале на запад кон Германија. Единаесеттата македонска бригада учествувала во борбите за ослободување на Неготино, како и во борбите за ослободување на Прилеп, Кичево и Гостивар, информираше Камчевски.
Во декември 1944 година таа влегла во составот на 49 дивизија. Одликувана била со Орден заслуги за народ со златна ѕвезда.