Македонија 19. јуни 2019. / 09:51

Седум членки на ЕУ биле против датум за преговори со Македонија

Седум членки на ЕУ биле против датум за преговори со Македонија

На денешниот ЕУ Совет седум членки биле против датум за преговори со Македонија и Албанија: Франција, Холандија, Германија, Данска, Луксембург, Белгија и Шпанија. Дванаесет членки биле за преговори: Полска, Унгарија, Словачка, Чешка, Италија, Словенија, Хрватска, Белгија, Романија Естонија, Латвија, Литванија.

Грција и другите воздржани! – напиша поранешниот министер за надворешни работи и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски на Твитер.