Веќе повеќе од половина час доцни собраниската седница за промена на Уставот, со цел промена на уставното име.
Премиерот Зоран Заев кој веќе неколку денови преговара со лидерот на Беса Биљал Касами, но очигледно сеуште не може да ги добие двата гласови од неговите пратеници.
Првично седницата беше закажана за денеска во 12 часот, па беше одложена за во 15 часот.
Дали Заев и Касами ќе се договорат до крајот на денот останува да видиме.
Инаку Заев вчера изјави дека се уште се во разговори со Беса на Биљал Касами за изнаоѓање техничка формулација во однос на државјанството со цел обезбедување на потребните 80 пратеници за донесување на уставните амандмани.