Македонија 01. април 2020. / 11:38

Седница на Владата за кризата предизвикана од епидемијата на корона вирусот

Седница на Владата за кризата предизвикана од епидемијата на корона вирусот

Како што известуваат од Владината прес-служба, во 13 часот Владата денеска ќе одржи седница.

На седницата ќе се разгледува состојбата со епидемијата на вирусот Ковид-19 во земјата и за евентуалните мерки што треба да бидат преземени за спречување на ширењето на вирусот, како и за справување со последиците од економската криза што произлегува од епидемијата.

За заклучоците од седницата ќе информираат со соопштение веднаш штом ќе биде завршена.