Македонија 17. септември 2019. / 09:22

Седница на Влада: Учениците ќе учат антикорупциски теми

Седница на Влада: Учениците ќе учат антикорупциски теми

Информација за нацрт стратегијата за одбрана на Македонија, како и предлог одлуки за испраќање на припадници на Армијата за учество во мировните операции „Одлучна поддршка“ во Авганистан и во мисијата на Европската Унија „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина, се на дневен ред на денешната редовна седница на Владата.

Владината прес-служба најави дека на предлог на Министерството за образование и наука на оваа седница Владата ќе биде информирана за активностите за примена на клучните мерки од поддимензијата Антикорупција од „Стратегијата за Југоисточна Европа 2020“, за најсоодветен начин за воведување на антикорупциски теми во рамки на годишната програма на училиштата.

На владината седница ќе биде разгледана и информацијата за одржната 15.редовна седница на Националниот совет за информациски и комуникациски технологии и сајбер безбедност и сајбер безбедност.