Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети, свика седница на Централното Претседателство на партијата која што ќе се одржи денес, понеделник, 2 декември 2019, со почеток во 15:00 часот во партиското седиште во Тетово.
На седницата ќе се говори околу четвртиот изборен конгрес на Демократската Унија за Интеграција, идните програмски определби и статутарни промени.