Незадоволните членови на „Шарената револуција“ кои во 2015 година ги предводеа протестите против тогашната власт повторно најавуваат дека ќе се активираат.
Но, ако пред пет години тие беа главни во борба против Никола Груевски, овојпат нивна цел е Зоран Заев.
Како што пренесува „Република“, десетина водечки активисти на „Шарената револуција“ се револтирани од односот на лидерот на СДСМ кон нив по доаѓањето на власт. Заев не само што заборавил што тие направиле за тој да дојде на власт туку и целосно се дистанцирал од поранешните соборци.
Како што тие велат, Заев дури и си ги припишал заслугите за тоа што СДСМ дошол на власт, иако било јасно дека тој само неколкупати се појавил на протестите, додека членовите на „Шарената револуција“ секојдневно биле на улиците.