Македонија 08. февруари 2021. / 11:40

Се вози ли Заев со „мерцедесот“ за чија набавка Јанкуловска лежи во затвор?

Се вози ли Заев со „мерцедесот“ за чија набавка Јанкуловска лежи во затвор?

При вчерашната посета на Гевгелија, премиерот Зоран Заев пристигна со фамозниот „мерцедес“, за чија набавка имаше постапка, а поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска заврши во затвор, пишува Нетпрес.

„Мерцедесот“, кој е директната причина за затворската казна за Јанкулоска, не е причина Заев да не се вози со него.

СДСМ од опозиција тврдеше дека набавката на мерцедесот е незаконска, и дека по доаѓањето на власт ќе го продадат, а со парите ќе купат возила за брза помош. Поминаа четири години, „мерцедесот“ сѐ уште е во функција на Владата, а Заев е еден од најчестите негови корисници.

Нема настан, а Заев да не го користи „мерцедесот“, а од продажбата негова не остана ниту „П“.