Македонија 16. јуни 2020. / 20:40

Се влошува состојбата: На заболените од Kовид-19 во болница им треба и до петпати повеќе кислород

Се влошува состојбата: На заболените од Kовид-19 во болница им треба и до петпати повеќе кислород

Градската општа болница „8-ми Септември“ во Скопје е полна со пациенти заболени од Ковид-19,  а дополнмителна загриженост предизвикува тоа што во последниве денови во болницата се повеќе сѐ пријавуваат тешки болни, на коишто им е неопходна и за пет пати повеќе кислородна поддршка отколку кај случаите кои порано биле хоспитализирани во оваа установа, пишува „Плусинфо“.

Ако претходно на дел од пациентите им се даваше кислород од 1,5 до 2 милилитри на час, сега се бара болните да се стават веднаш на 10 милилитри кислородна поддршка! Значи, веќе немаат капацитет белите дробови. Затоа, да не чекаат болните кај кои е потврдена заразата со вирусот, кога кај нив дополнително, на симптомите коишто ги имаат, ќе се јават и замор, ќе загубат чувство за мирис, туку  веднаш да се јават во болница, никако да не седат дома! Сега ни доаѓаат пациенти со многу лоши резултати од сатурација (заситеност на хемоглобинот во крвта со кислород), а тоа значи дека се веќе во многу лоша состојба – велат за Плусинфо од ГОБ „8-ми Септември“.

Вработените во оваа болница, но и на Клиниката за инфективни болести, во битолската, која е исто така преполна, и во многу други болници во земјата, веќе „паѓаат од нога“, бидејќи повеќе од три месеци работат во вонредни услови поради епидемијата, згрижувајќи ги и лекувајќи ги болните од корона, чиј број, за жал, „експлодираше“ овие две недели, кога се евидентираа и над 100 новозаболени на ден, а умираа и по деветмина.

Од денеска, болницата „8-ми Септември“ е дополнително „десеткувана“ бидејќи речиси 40 вработени се заразени со корона вирус. Тоа се по тројца анестезиолози и интернисти, 25 медицински сестри, ангажирани на одделенијата каде се лекуваат позитивни и сомнителни случаи, и пет болничари. На Клиниката за инфективни болести инфицирани се двајца здравствени работници, а други двајца  оздравеле и се вратиле на работа.

Од ГОБ „8 Септември“ објаснуваат:

Болницата има место, околу 500 болни може да се примат, толку легла се вкупно на располагање, но на сите пациенти не може да им се пружи кислородна поддршка или приклучување на апарати за дишење. Има голема навалица од пациенти – велат од болницата за Плусинфо.