Земјотрес со јачина од 3,4 степени по Рихтер вечерва во 20 часот и 40 минути е регистриран во Македонија.
Земјотресот најсилно се почувства во Маврово, но и во целиот западен дел на земјава.
Според Европско-медитеранскиот сеизмички ценрар EMSC, епицентарот на земјотресот е во близина на село Србиново, на 50 километри југозападно од Скопје, или 14 километри југоисточно од Гостивар, а жариштето е на само километар длабочина.
Тресење е почувствувано речиси низ цела Македонија, но со послаб интензитет.