Македонија 16. јуни 2020. / 10:58

Сé што кажа Заев промаши, сé што бараше не доби

Сé што кажа Заев промаши, сé што бараше не доби

Коронавирусот ги одложи изборите кои требаше да се одржат на 12-ти април во Македонија. Од тогаш, па до вчера, екс-премиерот Зоран Заев си лицитираше со датуми и секој од нив му беше “конечен“, пишува во својата анализа Курир.

Лидерот на СДСМ даваше прогнози за тоа кога изборите ќе се одржат, но ги промаши сите датуми.

Така, Заев бараше неколку датуми во месец јуни. Првиот кој го побара јавно беше 14-ти јуни. Тоа барање, секако не му се оствари. На овој датум, инаку, во Македонија имаше рекорден број на заразени и мртви до тој момент.

Потоа Заев си го промобираше 21-ви јуни како конечен датум за избори. Во секоја негова изјава на тема избори, тој тврдеше дека датумот е завршена работа и тоа ќе биде избори на 21-ви јуни.

Кога виде дека овој датум кај народот не му поминува, “попушти“ уште за една недела па рече изборите можело да бидат и на 28-ми јуни.

Потоа се префрли со барање на тауми во јуло. Си го “забетонира“ 5-ти јули и убедуваше дека поместување нема. Заев и сите негови партиски функционери дури и започнаа кампања, среде епидемија на коронавирус, па излегоа и на терен меѓу граѓаните. 5-ти јули дури и премиерот Спасовски го промовираше како “завршена работа“.

Па Заев пак се предомисли. Кога сфати дека предлог датумите не му ги прифаќа никој, си рече нема да робива на 5-ти јули, па го предложи 8-ми јули како, повторно, конечен датум за изборите.

Како што знаете, изборите не се закажаа на ниту еден датум излицитиран од Заев, туку Македонија ќе има избори на 15-ти јули.

Народот е навикнат на ваквите “бисери“ на Заев. Тој нешто помпезно ќе најави, па потоа гледаме ништо не се случува. На пример, пред да се закажат предвремените избори, Заев велеше дека Пржинска Влада нема да има, а таа трае веќе шест месеци.

Најголемите прогнози, а со тоа и најголемите промашувања Заев ги имаше за датумот за преговори со ЕУ. Македонија, чие уставно име беше сменето лично од Заев, нема започнато преговори со ЕУ, а на тоа Заев си тераше цела партиска кампања.

Меѓународнта поддршка на која тој се надеваче-исчезна. Сериозните политичари ни светот сфатија со каков човек и со каква Влада си имаат работа. Најактуелен случај е „Рекет“ во кој излегоа докази дека се вмешани високи функционери кои поминуваат неказнето. Цел мандат му поминува со скандали, афери… Затоа за изборите нема моќ да пресуди кога ќе бидат. Неговото прифаќање на 15-ти јули како навистина конечен датум е резултат на “свитканата рака“.