Владата денеска ќе оддржи седница на која ќе бидат разгледани предлог мерките од Комисијата за заразни болести.
По завршување на седницата, со почеток во 13:30 часот, прес-конференција ќе одржат премиерот Зоран Заев и министерот за здравство, Венко Филипче.
Комисијата за заразни болести вчера препорача до Владата нов пакет на рестриктивни мерки за период од 18-ти декември до 21-ви јануари, со цел да се избегне зголемување на бројот на заболени од ковид 19 во престојниот период на празници.
-Препораките за рестриктивни мерки се насочени во неколку сегменти и тоа во делот на реорганизација на работното време на угостителите, препораки за јавни собири, препораки до верските заедници, до работните организации и препораки кои се однесуваат на работата на рестораните во хотелските објекти – изјави Филипче.
Дали овие препораки ќе бидат усвоени, очекуваме да соопштат Заев и Филипче.