Македонија 07. април 2019. / 21:32

Се огласи и премиерот Заев по смртта на Билјана Беличанец

Се огласи и премиерот Заев по смртта на Билјана Беличанец

И премиерот Зоран Заев се огласи на Фејсбук по смртта на актерката и поранешна градоначалничка на општина Кисела Водa, Билјана Беличанец Алексиќ, која беше пронајдена мртва во својот дом.

Скршени сме од веста што пристигна денеска за трагичното заминување на Билјана Беличанец. Јавноста е во тага и неверување што меѓу нас не е веќе една од најмаркантните театарски актерки која животот го посвети на публиката и на граѓаните. Не постојат зборови за утеха освен искреното и длабоко сочувство со болката. Нека е вечно сеќавањето на Билјана, напиша Заев.