Македонија 16. јули 2019. / 10:30

СДСМ за апсењето на Боки 13: Власта се справува со криминалот – институциите да спроведат длабинска истрага

СДСМ за апсењето на Боки 13: Власта се справува со криминалот – институциите да спроведат длабинска истрага

За СДСМ актуелниот случај покренат од обвинителството, во кој осомничени се Бојан Јованоски – Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец, е доказ дека постои заштитен механизам на релација граѓани – обвинителство – МВР кој го штити општеството и кој може да се справи со евентуални случаи на корупција.

Од СДСМ соопштуваат дека сите се еднакви пред законите и ги повика надлежните институции да спроведат длабинска и независна истрага.

Правдата треба да биде задоволена до крај, во интерес на граѓаните и на државата, смета владејачката партија.

– Државата изгради институции и создаде систем коишто се борат против корупцијата и криминалот. Сите се еднакви пред законите, а правда мора да има. СДСМ ги охрабрува и ги повикува надлежните институции да спроведат длабинска и независна истрага, да постапуваат исклучиво според законите со крајна цел владеење на правото во нашата земја. Правосудните процеси за овој, но и за сите други случаи мора да се спроведат до крај и правдата да биде задоволена, во интерес на граѓаните и државата. – пишува во соопштението на СДСМ.