Македонија 03. август 2019. / 15:41

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ изнесува лаги за Илинден

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ изнесува лаги за Илинден

Од СДСМ соопштуваат дека ВМРО-ДПМНЕ изнесува лаги за да го оцрни Илинден.

– Втор ден, ВМРО-ДПМНЕ изнесува лаги во неуспешен обид да го оцрни големиот државен празник 2 август – Денот на Републиката. – се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на портпаролот Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Владејачката партија соопштува дека и денеска од белиот дворец се шират лаги за наводни срамни скандирања, и денеска од белиот дворец лажат за наводни забрани за положување цвеќиња.

– ВМРО-ДПМНЕ не се појави на Македониумот во Крушево и не се поклони на гробот на Карев со единствена цел, да предизвикува нови поделби.
Присутните на Мечкин камен вчера можеа да видат како делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ стана од среде настап од Тешкото на Танец за да држи прес конференција на која изнесе лаги и дезинформации. Тоа е непочит кон македонската традиција.
Вчерашното одбележување на Илинден во Скопје, Крушево и Пелинце е пример за државничко чествување на најголемите државни празници, кога сите граѓани без разлика на етничката, верската или политичката припадност треба да се сплотат околу вредностите на Илинден. – велат од СДСМ.

Од таму додаваат дека Илинден постои да обединува, а не за да дели како што тоа го прави ВМРО-ДПМНЕ дури и на најголемиот државен празник. Граѓаните ги слават клучните историски моменти од минатото и гледаат во иднината, само ВМРО-ДПМНЕ е се уште заглавено во темните улици и поделбите, додаваат од СДСМ.