Македонија 17. декември 2020. / 15:47

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ги деградира здравствените работници, а Филипче се грижи за граѓаните

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ги деградира здравствените работници, а Филипче се грижи за граѓаните

Со лаги и манипулации, ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ги деградираат здравствените работници и целиот здравствен систем, велат од владејачката партија.

Тие велат дела сите функционери на СДСМ, вклучително и Венко Филипче, секојдневно се присутни во јавноста, транспарентни и отворени за секоја тема, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ кои не го практикувале истото.

СДСМ остро реагира против главната опозициска партија и вели дека министерот за здравство Венко Филипче нема слободно време за „партиски чајанки“.

– Филипче со директорите на клиниките менаџира болнички капацитети, следи состојба на пациенти, преговара за набавка на вакцина за ковид и нема време за партиски чајанки со ВМРО-ДПМНЕ партија чии доктори во време на пандемија повеќе од очигледно е дека имаат на претек слободно време, велат од СДСМ.

Од владејачката партија велат дека со лаги и манипулации ВМРО-ДПМНЕ ги деградира здравствените работници и ја коментираат изјавата на Марија Андоновска.

– Серија лаги и манипулации и денеска беа изнесени и на денешната изјава на Марија Андоновска и тоа во време кога Филипче беше во Штип каде денеска се постави модуларната болница, проект кој ВМРО-ДПМНЕ со месеци го блокираше. Очигледно ги погоди таа вест, или веста дека Владата предводена од СДСМ и ќе ги награди здравствените работници кои макотрпно работат во справување со коронакризата, велат од центарот за комуникации со јавноста на СДСМ.