Македонија 11. септември 2020. / 09:47

СДСМ: Владата е посветена на надминување на последиците од коронакризата

СДСМ: Владата е посветена на надминување на последиците од коронакризата

Уште во првите денови од новиот мандат, Владата предводена од СДСМ е силно посветена на создавање и реализација на мерки и политики кои имаат за цел брзо надминување на економските последици од коронакризата, велат од СДСМ.

Додаваат оти наскоро започнува реализација на четвртиот пакет економски мерки преку кои ќе им се помогне на граѓаните, работниците и компаниите.

За да се стимулира приватната потрошувачка и да се зајакне куповната моќ, платежни картички ќе им бидат доделени и на пензионерите со пензии до 15.000, пасивните баратели на работа, како и на самохраните родители.

Следуваат и стимулативни мерки за враќање на работа на лицата кои беа отпуштени за време на кризата, а продолжува и поддршката за компаниите со цел зачувување на работните места, се наведува во партиското соопштение.

Владата предводена од СДСМ, велат, преку навремени и ефикасни мерки и политики успеа да ги ублажи првичните удари врз економијата.

Во новиот мандат, следува градење на нова, развојна македонска економија подготвена да одговори на сите предизвици и да обезбеди шанса за сите, се вели во соопштението на СДСМ.