Македонија 12. јули 2020. / 10:31

СДСМ вели реформи во судството, на снимката се работеше да паднат судски случаи

СДСМ вели реформи во судството, на снимката се работеше да паднат судски случаи

Продолжува лицемерието на лидерот на СДСМ, Зоран Заев кој вчера ветуваше дека судскиот систем ќе биде првата работа која ќе биде реформирана откако ќе победеле на изборите на 15 јули.

Тој пред граѓаните се обврза дека судскиот систем ќе биде првата работа која ќе биде реформирана во наредниот мандат.  Дури и додаде дека зад таа изјава стои со сиот свој интегритет.

Можеби и ќе пројдеше сето тоа пред граѓаните, но вчера исто така беше објавена аудио снимка, која подоцна во паника беше избришана од јутјуб каде што можеше да се слушне како лично Заев договарал да паднат голем број судски случаи.

Заев во аудио-снимката јасно признава дека правел „комбинации“ со Катица, договорил да паднат и пописот и Талир 2, и Пошта, а беа опфатени повеќе луѓе од поранешната власт.

Во одбрана на Заев, побрза да застане партијата од која преку соопштение  рекоа дека објавените аудио разговори само потврдуваат дека СДСМ и Заев постојано барале начини, решенија и правни механизми за целосна реформа на правосудството, со посочување на опасноста од недонесување на Законот за јавно обвинителство.

Но она што тие го нарекоа барање начин за реформа на правосудството всушност гласно говори дека како Заев така и СДСМ не само што ја признаа автентичноста на аудио-снимката туку и потврдија грубо мешање на извршната во судската власт.