Македонија 04. јануари 2020. / 17:06

СДСМ удри по Ременски: Објасни кој сака да ти ја згасне политичката кариера?

СДСМ удри по Ременски: Објасни кој сака да ти ја згасне политичката кариера?

СДСМ без одговор за тврдењата на потпретседателот на Собранието и нивен поранешен функционер, Фросина Ременски, дека со поднесувањето на обвинителниот акт за случајот „Рекет2“ се работи на нејзина политичка елиминација. Оттаму велат дека се уверени дека Ременски не мисли на свој сопратиец или било кој од паралментарното мнозинство и додаваат дека токму таа треба да даде дообјаснување што точно мислела.

Потпретседателот на Собранието, Ременски, која е третообвинета во случајот „Рекет2 “ вчера кажа дека обвинението против неа е апсудрно и дека станува збор за обид за нејзина политичка елиминација. Таа кажа дека со ова обвинение ќе почне реформа во јавното обвинителство и нагласи дека очекува соработка со новиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, кој според неа требало да има слух за некои прашања кои не биле отворени во текот на истрагата.

Шефот на Обвинителството за гонење на организиран криминал, Вилма Рускоска, вчера го поднесе обвинителниот акт за „Меѓународниот сојуз“ на Бојан Јовановски, познат како „Рекет 2“ каде потпретседателот на Собранието, Ременски, е третообвинета и се товари за помагање во вршење на измама.

Третообвинетата со својот углед и авторитет го поддржувала првообвинетиот на средбите со оштетените, давајќи му совети и упатства за да оштетените стекнат доверба во наводниот проект и однапред да уплатат одреден износ пари и да ги потпишат договорите.
Според обвиенението Боки 13 ќе одговара за измама и перње пари, Мандиќ, Ременски и Блажевска за помагање, додека Миле Јовановски покрај помагање во перење на пари ќе одговара и за недозволено држење на оружје.

Кривичниот совет во скопскиот оснувен суд ќе треба да го оцени обвинителниот акт со што ќе се отстрани поледната преча за старт на судскиот процес.

Инаку, Заев и СДСМ практично ја изиграа Фросина Ременски со тоа што откако беше технички министер за труд и социјала во 2016, не ја поставија на функцијата министер по доаѓањето на власт во 2017, а на нејзно место дојде Мила Царовска.