Македонија 21. април 2020. / 21:30

СДСМ собира пратенички потписи за Џафери да го свика Собранието

СДСМ собира пратенички потписи за Џафери да го свика Собранието

Пратеници на СДСМ собираат потписи за да го одоброволат претседателот на Собранието Талат Џафери да го свика распуштениот парламент, објави „360 степени“.

Како што пишува „360 степени“ треба да се соберат најмалку 20 потписи, но, како што се посочува, тоа не е гаранција дека Џафери ќе свика седница.

Тој во неколку наврати во овој период посочи дека распуштениот парламент нема мандат да се состане повторно и да носи одлуки. Поради тоа овој собраниски состав не ја потврди ниту првата одлука на претседателот Стево Пендаровски за прогласување вонредна состојба, чиј рок е веќе истечен.

Според информациите на порталот, Џафери е запознаен со иницијативата на пратениците на СДСМ, ама засега не бил расположен да свика седница, независно од тоа колку потписи ќе бидат собрани.

Целиот текст на следниот  линк.