Доктор Сашко Николов е олицетворение на чесната понуда на СДСМ за овие предвремени локални избори во општина Штип, велат во утринското соопштение од партијата.
Додаваат дека во изминатите години Николов се профилирал како млад и квалитетен кардиолог, основач на штипскиот Оддел за интервентна кардиологија, а во краткиот период додека ја извршувал функцијата пратеник во Собранието, Николов покажал како се работи посветено и одговорно во интерес на граѓаните и државата.
Од СДСМ велат дека нема сомнеж дека така ќе продолжи и како градоначалник, посветено да работи во интерес на Штип и неговите граѓани.
-Во фокусот на програмата на Николов е инфраструктурата, а истовремено и обезбедување на еколошки здрава и чиста животна средина, грижа за сите граѓани подеднакво, подобри услови за учениците во училиштата, за најмалите во градинките, како и грижа за највозразните сограѓани, пензионерите, стои во соопштението.
Додаваат дека следува забрзана реализција на капитални проекти важни за Штип и неговите граѓани.
-Долгогодишниот сон на Штипјани станува реалност. Обезбедени се средства од Влада на Република Северна Македонија за започнување на изградба на брана на река Отиња, проект од историска важност за Штип. За поголема безбедност на граѓаните и растоварување на сообраќајот и подобар проток, на левата страна од река Отиња ќе се изградат пешачки конзоли. Следува гасификација преку изградба на 20 километри гасоводна цевка до Штип, велат од СДСМ.
Во изминатите три години СДСМ покажа што значи вистинска грижа за граѓаните на Штип. Сашко Николов ќе продолжи како градоначалник, посветено да работи во интерес на Штип и неговите граѓани.