Лидер екслузивно дознава дека причината, поради која на СДСМ им пречело емитувањето за Илинден било тоа што премиерот Зоран Заев бил исвркан од толпата во Пелинце, кога МТВ го започнал директниот пренос. Притоа високи функционери на СДСМ ѕвонеле во МТВ, барајќи веднаш да биде прекинат директниот пренос.
Притоа, МТВ најостро ги демантиршеа наводите на СДСМ дека со денешната програма се погазени националните и стратешките интереси.
Во реакцијата од телевизијата, се вели дека јавниот сервис и годинава, како со години наназад, организираше отворена програма во која вршеше директни преноси од говорите на претставниците на државниот врв и во која, како и до сега, учествуваа историчари и се емитуваа прилози поврзани со Илинден.
-Изнесените ставови на присутните гости во студиото се нивни лични ставови. Јавниот сервис ги отфрла наводите дека со денешната програма, МТВ ги оспорила и ги довела во прашање стратешките интереси на Република Македонија и дека членството во ЕУ и НАТО го свела на полемика, како определба на една политичка структура, велат од МТВ.
Ваквата реакција на СДСМ, МТВ ја оценува како директен притисок врз нејзиното работење. Во иднина, велат од телевизијата, МТВ ќе реагира на неосновани обвинувања, без разлика од која страна доаѓаат, дали од власта или од опозицијата.
И на Мечкин камен денеска беа исвркани присутните претставници на СДСМ и каде што беа нападнати со пластични шишиња и чаши од страна на присутните.
Додека СДСМ вршеше притосиок врз МТВ, премиерот Зоран Заев се упати кон Благоевград да се поколни пред бугарскиот споменик на Гоце Делчев.