Станува јасно дека како што се развива истрагата за случајот Рекет, така паниката во ВМРО-ДПМНЕ е се поголема, е реакцијата на СДСМ по изјавите на Мицкоски и прес-конференциите на портпаролите на ВМРО-ДПМНЕ.
Нарачателите, извршителите и помагачите и сите вмешани, од прв до последен, да одговараат за своите постапки. Залудни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ преку дезинформации да ја наруши постапката, да ја загрози истрагат и да ги заштити криминалците и своите тајкуни, ќе одговараат сите за кои низ судска постапка ќе се докаже вмешаност во овој случај. Ги повикуваме надлежните институции да го расчистат овој случај но и сите останати предмети и истраги, а виновниците да одговораат без разлика на нивната етничка, верска или политичка припадност. се вели во соопштението на СДСМ.