Македонија 16. март 2019. / 09:51

СДСМ: Силјановска молчи за насилствата на 27-ми април

СДСМ: Силјановска молчи за насилствата на 27-ми април

Силјановска не е чесна пред граѓаните, молчи за обидите за убиство на 27-ми април, велат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија преку соопштение.

– Од една страна Силјановска дава евтини политички изјави а не кажа ниту збор против насилствата, не кажа ништо за обидите за линч, за организаторите на овие крвави настани, за нападот на демократијата. Молкот ја демаскира Силјановска. Гордана Силјановска воошто не се срами што е поддржана од политичката структура која има крвави раце. – велат од СДСМ.

Политичката партија додава дека не е ниту чесно, ниту праведно да се брани насилство, како и ниту еднаш да не се осуди организираниот насилен упад во Собранието.