Македонија 08. февруари 2019. / 15:02

СДСМ: Секој има еднакви можности за работа – за сите важат еднакви услови и критериуми

СДСМ: Секој има еднакви можности за работа – за сите важат еднакви услови и критериуми

Откако јавноста, но и опозициската ВМРО-ДПМНЕ, бурно реагираа по скандалозните вработувања на блиски лица во државните институции, СДСМ се огласи со соопштение, во кое тврди дека сите кандидати имаат еднакви услови.

Денеска институциите се професионализираат и работат во интерес на граѓаните, реагира Социјалдемократскиот сојуз, по прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ, кој обвини дека масовното вработување во администрацијата пред избори е ноторен пример за изборна корупција.

– Сите вработувања се согласно планот, потребата и програмата на самата институција, а за сите кандидати важат еднакви услови и критериуми. Секој има еднакви можности за работа. Мерките на Владата обезбедуваат пред се’ професионални и независни институции. Се враќа достоинството на професиите, се зголемуваат платите, се креира здрава работна средина која ќе овозможи задоволни корисници и граѓани. – се наведува во реакцијата на СДСМ.

Владејачката партија додава дека ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести бидејќи не може да се помири со фактот дека Македонија тргнала напред.