СДСМ издаде соопштение, и во него пишува дека тивкото шурување со оние кои подгреваат поделби меѓу граѓаните, конфликти и националистички активности го става и ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски на страната на деструктивните сили. За СДСМ, референдумот треба да има обврзувачки карактер.
Во соопштението понатаму се вели: „Договорот не е капитулација туку значаен, историски успех за народ кој што бил негиран и оспоруван. Македонскиот идентитет не беше „стекнато право„ како што сега тврди Мицкоски. Дури и неговиот претходник, Никола Груевски, во повеќе јавни настапи тврдеше дека Грција никогаш нема да прифати македонски јазик и македонска нација. Договорот токму тоа го обезбедува. Мицкоски, граѓаните ќе го имаат последниот збор. Волјата на граѓаните на референдум е обврзувачка“.