Македонија 09. March 2019. / 10:57

СДСМ: Се движиме кон силна економија, потврда растот на БДП

СДСМ: Се движиме кон силна економија, потврда растот на БДП

За силна економија: Раст на БДП од 3,7 отсто По години уназадување и стагнација, економијата во последната година се движи во добар правец, нагоре.

Потврда за тоа дека се движиме кон силна економија е растот на бруто домашниот производ од 3.7 проценти во последниот квартал од 2018 година.

Континуираниот раст на БДП во 2018 година е доказ дека економските политики на Владата предводена од СДСМ се правилно поставени и даваат реални, видливи резултати.

Покрај БДП во 2018 забележан е рекорден износ на странски инвестиции во висина од 624,5 милиони евра, а растот на индустриското производство во 2018 е највисок во последните седум години.

Овие официјални податоци ја потврдуваат успешноста и заложбата на Владата предводена од СДСМ да обезбеди раст на економијата, повеќе инвестиции, отворање нови работни места, а со тоа и повеќе пари кај граѓаните.

Владата предводена од СДСМ продолжува со создавање и спроведување на економски политики што обезбедуваат економски раст и развој и повисок животен стандард за сите граѓани“, стои во соопштението од Центарот за комуникации со јавност на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.