Македонија 08. ноември 2020. / 20:46

СДСМ: Премиерот Зоран Заев продолжува да работи исклучиво во интерес на граѓаните

СДСМ: Премиерот Зоран Заев продолжува да работи исклучиво во интерес на граѓаните
Од СДСМ информираат дека постојано се работи на креирање и реализација на мерки и политики кои се во интерес на граѓаните. Кажуваат дека исто така СДСМ ја прифати иницијативата недела да биде неработен ден за сите граѓани.
Сега во надлежното министерство, во Министерството за труд и социјална политика се создава законско решение со кое недела ќе биде слободен ден за оние кои сакаат да бидат со своите семејства.
Ова е сериозен чекор во градењето на фер општество за сите и сериозен чекор кон унапредување на условите за работа на работниците и работничките, информираат од СДСМ
На сила стапија измените на Законот за судски такси, со кои граѓаните конечно добиваат големо намалување на трошоците кои ги имаат во судовите. Ако во минатото тие можеа да изнесуваат и до 48.000 денари, сега граѓаните нема да платат повеќе од 6.000 денари.
Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев продолжува да работи исклучиво во интерес на граѓаните и државата. Покажуваме дека можеме уште повеќе и уште подобро, стои во нивното соопштение.