Прв приоритет е правосудството и негово прочистување со цел обезбедување на силна и ефикасна правна држава која испорачува правда, се вели во утринското соопштение од СДСМ во врска со новата стратешка рамка на Владата „Акција 21 – за европски стандарди дома”.
Од партијата велат дека во наредниот период со уште поголема верба и мотивираност ќе работат, како што велат да ги донесат европските стандарди дома. Приоритет е велат и бескомпромисна и неселективна борба против корупција кои се дела од рамката Рамката која опфаќа 10 приоритети, секој подеднакво важен за позитивна трансформација на македонското општество.
-2021 година ќе биде година на конечно запирање на ширењето на КОВИД-19 и санирање на штетите од глобалната криза. Веќе е реализирана уплата за 833.000 во рамки на Ковакс механизмот, а стигнуваат и добри вести од нашите соседи, околу набавка на нови вакцини, во исто време кога ќе пристигнат од ЕУ. Преку индустријата за одгледување канабис за медицински цели и за производство на продукти од оваа билка, светските и европски стандарди во новите економски можности ги носиме дома, се вели во соопштението на владеачката СДСМ.
Меѓу десетте приоритети од „Акција 21″ се и спроведување на попис според стандардите на ЕУРОСТАТ, вложувања во енергетиката и инфраструктурата, борбата против лажните вести, реформи на образовниот систем, како и искористување на нови економски потенцијали.
-Граѓаните заслужуваат да живеат во држава со европски стандарди, затоа ја носиме Европа дома, за подобар живот за секој граѓанин, велат од партијата.