Македонија 13. октомври 2018. / 23:01

СДСМ: Предвремени избори ако ВМРО-ДПМНЕ продолжи со блокади

СДСМ: Предвремени избори ако ВМРО-ДПМНЕ продолжи со блокади

„Доколку врвот на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски продолжат со деструктивното однесување, единствен излез се предвремени избори организирани веднаш на кои граѓаните ќе одлучат за иднината во ЕУ и НАТО“ се наведува во соопштението од СДСМ.

„Раководството на ВМРО-ДПМНЕ треба да знае дека не можат да побегнат од волјата на граѓаните. Јасно изразената волја на мнозинството граѓани за иднина во ЕУ и НАТО ќе биде реализирана и секој кој се огрешил пред законот ќе одговара.

Мицкоски нема да може да избега од волјата на граѓаните. Амнестија нема да има, Македонија ќе биде членка на ЕУ и НАТО“, во соопштението.