Европската комисија даде чиста, безусловна препорака за почеток на преговорите на Република Северна Македонија со ЕУ, стои во партиското соопштение на СДСМ.
Значајниот економски раст,, зголемената минимална плата, имплементацијата и реформите во судството согласно меѓународните стандарди и практики, видливите резултати во борбата против корупцијата, реформата на безбедносните служби, транспарентноста во јавната администрација, слободата на говор и медиумите, се само дел од успесите кои се нотирани во најпозитивниот Извештај на Европската Комисија за нашата држава, пишува во соопштението.
Според СДСМ извештајот на Европската Комисија е доказ за успешноста на политиките и реформските процеси на Владата предводена од СДСМ кои носат подобар живот за сите граѓани.
Република Северна Македонија е блескав пример во регионот за носење храбри и државотворни одлуки поради кои државата бележи прогрес и интеграции. Остануваме посветени да продолжиме напред, по евроатлатнскиот пат. Ги остваруваме врвните стратешки и национални интереси, градиме европска држава која негува концепт на фер општество што нуди подеднаква шанса за сите, пишува во партиското соопштение на СДСМ.