Македонија 14. септември 2019. / 09:42

СДСМ: Ние сме за правда и правна држава

СДСМ: Ние сме за правда и правна држава

Груевизмот кој зрачи од Мицкоски потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ единствено сака да се заташка криминалот на режимот, велат од СДСМ.

Тие по вчерашното гостување на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во емисија на АлсатМ, велат дека за опозицијата ништо друго не е важно освен заташкување на криминалот на режимот.

– Тие бараат предметите на СЈО дојдат под нивна контрола за да запрат. Тоа е единствената причина зошто не се постигна договор за Законот за ЈО.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се против правдата, против ЕУ и НАТО и против граѓаните. Се надеваат дека ќе го попречат напредокот и ќе го загрозат датумот за преговори.

Ние тоа нема да го дозволиме. Ние сме за правда. Сега е моментот и покажуваме што значи борба за правна држава и за правда! – велат од СДСМ.

Од партијата на власт констатираат дека пропаѓаат обидите на Мицкоски да ги минира предметите на Специјалното јавно обвинителство, бидејќи тие се обезбедени, а и одговороност ќе има.

– Затоа Мицкоски е во паника, затоа што знае дека функционерите на ВМРО-ДПМНЕ нема да се спасат од одговорност без разлика колку и тој да се труди да ги спаси. – соопшти СДСМ.