Главен фокус на изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ е ставен на економијата затоа што она кое што сега е реалност во Македонија е една практично разурната економија, економија којашто ги остава безнадежни претприемачите, бизнисмени, но и самите граѓани затоа што ситуацијата е повеќе од алармантна, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за МИА.
Мицкоски истакнува дека големо влијание за лошата состојба во економијата имала пандемијата на корона вирусот, но уште повеќе лошите политики во изминативе три години од страна на Владата на СДСМ и затоа токму економијата доминира во програмата на ВМРО-ДПМНЕ. Од друга страна, како што потенцира Мицкоски, СДСМ предводено од Зоран Заев, на една четвртина од предизборната кампања се уште немаат понудено конкретна програма или проекти што планираат да ги реализираат.
Изминатиов период, ако се сеќавате, често пати помалку така шеретски ова ракокводство на СДСМ знаеше да не обвини дека ВМРО-ДПМНЕ немало програма, дека ВМРО-ДПМНЕ настапувало со празни фоскули и.т.н. а видовте, почна кампањата, а ние се уште од СДСМ немаме промоција на програмата и всушност ние не знаеме што е тоа што СДСМ го нуди пред граѓаните. За разлика од нив, ние излеговме со 360 страници материјал. Имавме промоција во градот на конзулите во Битола. Отприлика професорите Славевски и професорот Кедев и јас вклучително имавме определени насоки што е содржано во самата програма. Зошто професорот Славески и професорот Кедев? Затоа што цениме во моментот имајќи ја предвид ситуацијата во државата, здравството и економијата се некако фокус на граѓаните и мислам дека тие имаа успешен обид накратко да сублимираат сето она што е содржано во самата програма. За разлика од нас, ние од страна на СДСМ, од страна на Зоран Заев и ова раководство, не видовме некоја програма. Излегуваат со празните флоскули, со истиот наратив како да сме пет години наназад во времето наместо пет години потоа. Но, тоа е нивниот начин на водење на кампања. Ние имаме кампања која што е проактивна и кампања која што има понуда и ја нарековме „Проект обнова“ – вели Мицкоски.
Тој истакнува дека програмата „Обнова“ е работена темелно и во соработка, односно преку разговори со граѓаните. Во неа има конкретни проекти со конкретни планови, при што јавноста ќе има можност да следи како напредува исполнувањето на тие проекти.
Ние имавме многу акции кога разговаравме со граѓаните, тие нудеа определени сугестии, предлози, разговаравме и со бизнис заедницата, со стопанските комори. Имајќи го во предвид капацитетот на структурите на партијата, партиските комисии, но и голем број експерти кои не се партиски определени од земјава и од странство учествуваа во изработката на оваа програма и единствена работа која што ми беше важна е да одговори на вистинските потреби на граѓаните во следните четири години, но да остави простор и за следните години коишто ќе следат после овие четири години, бидејќи сакавме да биде повеќе со визија, стратегија и јасна методологија за да немаме потоа проблеми во реализацијата, да биде тоа модуларно, етапа по етапа, чекор по чекор и на секој да му е јасно и да ги следиме и не само ние, туку и новинарите да имаат можност да ги следите чекорите како ја реализираме таа програма. Затоа што еве поминаа три години од Владата на СДСМ и ДУИ јас навистина не знам отчет за овие три години што е сработено. Дали некој слушна отчет за каде се потрошени оние речиси 12-тина милијарди евра. Ние немаме отчет на тоа што е сработено изминативе години. Затоа сакавме најпрво да ви олесниме вас новинарите, да олесниме на оние кои утре ќе извршуваат важни државни функции, но да олесниме и на граѓаните за да можат да ја следат реализацијата на таа програма – вели лидерот на ВМРПО-ДПМНЕ.