Македонија 20. декември 2020. / 17:01

СДСМ се откажува од измените во законот амбасадори да може да имаат двојно државјанство

СДСМ се откажува од измените во законот амбасадори да може да имаат двојно државјанство

За време на мандатот ВМРО-ДПМНЕ испраќале амбасадори кои имале двојни државјанства што е спротивно на закон. Го правеле тоа со безобзирно прекршување на Законот за надворешни работи, велат од СДСМ.

Според нив претседателот на собраниската комисија за надворешни работи од ВМРО-ДПМНЕ многу добро знае за двојните државјанства.

– Целта требаше да биде да се дозволи кандидатите за амбасадори да имаат двојно државјанство, но да не можат да бидат амбасадори во земјата каде имаат второ држвјанство, велат од владејачката партија.

Тие додаваат и како било за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

– Овој ист закон, со ист текст беше во процедура и во минатиот пратенички состав и тогаш ВМРО-ДПМНЕ немаше никаква забелешка, ниту пак поднесен еден амандман. Тогаш беше истиот претседател на собраниската комисија. Сега, во контекст на другите политички случувања во неговата партија, само глумат наводен патриотизам. Очигледна е блокадата и деструкција на се што работи Собранието наместо јавно да ги искажат забелешките во конструктивен правец.6 пати губат на избори и никако да ја научат лекцијата.Ние нема да дозволиме некој да прави личен театар и да бие внатрепартиска битка во ВМРО-ДПМНЕ правејќи театар од Собранието, велат од СДСМ.

Затоа ќе го повлечеме предлог законот од процедура. Нема да дозволиме политиканство, нема да дозволиме деструкцијата на ДПМНЕ и нивната внатрепартиска битка да ја закочи работата на Собранието, завршуваат од СДСМ.