Македонија 10. мај 2020. / 20:01

(ФОТО) СДСМ не ги почитува мерките: Се собираат повеќе од 5 луѓе и нема социјална дистанца!

(ФОТО) СДСМ не ги почитува мерките: Се собираат повеќе од 5 луѓе и нема социјална дистанца!

Во време кога во јавноста е широко распространета дебата за одржувањето на социјална дистанца како мерка за спречување на ширењето на корона вирусот и кога највисоки државни функционери се препукуваат со барања за оставки, членовите на СДСМ од Кичево воопшто не ги почитуваат препораките за одржување растојание.

Тие самите на социјалните мрежи се пофалија дека одржуваат состаноци на партискиот Општински изборен штаб, но притоа, на фотографиите може да се забележи дека на тие состаноци воопшто не се почитуваат мерките. Па така, во една една не многу голема просторија има десетина луѓе кои седат на иста маса еден до друг без меѓу нив да има соодветно растојание од најмалку метар и половина.

А, токму подржувањето на такво растојание, односно можноста тоа да се обезбеди, е една од главните кочници за одлуката за повторно отворање на угостителските објекти, кои се дел од можеби најпогодениот економски сектор од кризата. Така, за да ги отворат нивните локали, од сопствениците на кафулиња или ресторани се бара тие да обезбедат минимално растојание од метар и половина или два, на една маса да не може да седат повеќе од двајца, евентуално поставување и прегради за обезбедување на целосна одвоеност на гостите и слично.

Во меѓувреме, таквите правила очигледно не важат за членовите на СДСМ од Кичево, коишто имаат слобода десетина луѓе да седат еден до друг.

А, по објавените фотографии останува да се види дали ќе има реакции од оние што деновиве јавно и гласно бараа казни за граѓаните што не одржувале социјална дистанца и дали ќе има одговорност и за членовите на Општинскиот изборен штаб на СДСМ од Кичево.