Македонија 02. декември 2020. / 21:40

СДСМ: Мицкоски ги плаши граѓаните со апокалиптички сценарија, а апокалипса се случува на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Мицкоски ги плаши граѓаните со апокалиптички сценарија, а апокалипса се случува на ВМРО-ДПМНЕ

Не престанува деструктивното, мрачно и неодговорно однесување на Христијан Мицкоски кој сам се прогласи за хистеричен, реагираат од СДСМ на изјавата на Мицкоски на протестот во Куманово.

– Три години Мицкоски ги плаши граѓаните со апокалиптични сценарија, сценарија со кои ќе се населуваа мигранти, ќе се редефинирал политичкиот систем, апокалиптични сценарија по економијата, апокалиптични сценарија по здравјето на граѓаните и од сето тоа не се случи ништо. А кога не претскажува мрачни апокалиптични сценарија, Мицкоски шири хистерија и лицемерно глуми загриженост за граѓаните и државата, се вели во реакцијата.

Според СДСМ, Мицкоски е единствениот кој посветено работи против интересите на државата, на граѓаните, против јавното здравје, против европската иднина.

– Исто како што се однесуваше за време на пандемијата со коронавирусот, деструктивно, опасно и неодговорно, така се однесува и денеска во однос на прашањето со Бугарија, во одноа на државните и национални интереси. Никој веќе не верува во таканаречените апокалиптични сценарија на Мицкоски. Апокалиспа му се случува во неговата ВМРО-ДПМНЕ, изолирана и поделена партија во стечај, во долгови и со одамна изгубена доверба од граѓаните, се вели во реакцијата.