Правдата е тука, иста за сите, законите важат за сите подеднакво, времето на привилегирани пред законот, времето на партизирани пресуди и обвиненија по нарачка заврши, порачуваат од СДСМ.
– Правосудниот систем, како независна власт, ги има сите услови да води истраги и процеси без влијанија, без притисоци, да спроведува обвинителска и судска постапка во која најважни се доказите и законите, за секого подеднакво, децидни се тие преку партиско соопштение.
Според нив пресудата против обвинетите во предметот „Таргет-Тврдина“ покажа дека судството е ослободено.
– Стигна правдата за над 20.000 граѓани, кои незаконски биле прислушувани од страна на Сашо Мијалков и ВМРО-ДПМНЕ, само затоа што мислеле и делувале поинаку од ВМРО-ДПМНЕ. Истовремено оваа пресуда е пораз на извршителот на Мијалков и Груевски, Христијан Мицкоски, кој не успеа да го спаси криминалот на ВМРО ДПМНЕ, велат од СДСМ.
Мицкоски останува осамен на браникот на криминалот, поразен од правдата, поразен од граѓаните, завршуваат тие.