Македонија 14. јануари 2021. / 20:26

СДСМ кон Мицкоски: Попис ќе има, бадијала кочиш, со деструктивност не можеш ништо

СДСМ кон Мицкоски: Попис ќе има, бадијала кочиш, со деструктивност не можеш ништо

Вечерва Мицкоски изнесе свои ставови на гостувањето на Сител телевизија, а со реакција на тоа се јавија од СДСМ кои велат дека пописот ќе одржи, а Мицкоски бадијала го кочи.

Тие нагласуваат дека Мицкоски треба да побара помош од правната помош бидејќи има непознавање.

– Ако Мицкоски навистина не знае кои се тие институции кои имаат податоци за граѓаните, како што тврди, тогаш го упатуваме помош да побара од правната служба во сопствената партија, тие ќе му објаснат.

Заканите за собирање потписи за наводни референдуми, па потоа за законски решенија не се ништо друго освен очаен блеф на Мицкоски кој преку ова гледа начин да си ја спаси фотелјата во белиот дворец, велат од СДСМ.

Тие додаваат дека бадијала се блокадите и деструкциите на Мицкоски бидејќи пописот ќе се одржи. Според нив, ВМРО-ДПМНЕ одново ќе биде поразени, а Мицкоски се уште не ја научил лекцијата.

– Тој филм Мицкоски нема да го гледа. Република Северна Македонија оваа пролет ќе спроведе попис на населението по цели 19 години, откако последниот во 2011 година, не успеа поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ.

Блокадите и деструкциите на ВМРО-ДПМНЕ одново ќе бидат поразени. И по шест порази. Мицкоски не ја учи лекцијата, не разбира дека со деструктвност и ситно политиканство не може ништо да постигне, велат од центарот за комуникации од СДСМ.