СДСМ ја менува бојата, логото ќе биде во црвено-бело. СДСМ се ребрендира, а од денеска ги менува боите на партијата, пишува Независен.
Наместо жолто-сина ќе биде во црвено-бела боја, односно во боите на ПЕС.
Владејачката партија почнува нова кампања „На прав пат“, од викендов и тоа од Штип. Почнуваат и подготовките за новата кампања. Генералниот секретар на СДСМ најави и активирање на партискиот центар за аналитика и активности од врата до врата.