Социјалдемократскиот сојуз размислува да го поддржи министерот за надворешни работи Никола Димитров како кандидат за претседател предложен од редовите на владеачката партија.
За да ги задоволи апетитите и на другите функционери, кои се гледаат себе си во трката за шеф на државата, и за да не бидат изоставени ќе се направи и ротација во ресорите, објави Независен повикувајќи се на извори од партијата.
На местото на Димитров во МНР би дошла Радмила Шекеринска, а нејзината функција би ја преземал Стево Пендаровски, актуелниот координатор за НАТО. Оливер Спасовски во овој случај би останал министер за внатрешни работи.
Сите четворица се во најтесниот круг на фаворити да ја добијат довербата од СДСМ за претседателските избори. Во моментов трае конкурсот на СДСМ за пријавување на кандидати, а конечната одлука треба да биде донесена на 3 март.