Политичката партија СДСМ денеска ќе го одржи 25. Конгрес, што ќе биде прв конгрес цо Македонија одржан по дигитален пат. За таа цел, како што нагласува партијата, ќе се користат современи дигитални платформи и алатки.
Првиот дигитален Конгрес на СДСМ ќе се одржи преку електронска платформа „Зум“, а партијата на овој чекор се решила заради заштита на здравјето на граѓаните, делегатите, медиумските работници.
Конгресот ќе го отвори ќе го води претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Ќе има отворен и работен дел со соодветен пренос во живо.
По завршување на Конгресот, претседателот на партијата, Зоран Заев, ќе одржи прес-конференција, на која ќе ги презентира донесените одлуки. Прес конференцијата, исто така, ќе се реализа преку дигиталната платформата „Зум“.