Македонија 07. август 2018. / 16:06

СДСМ: Како се доближуваме кон ЕУ и НАТО, така растат и платите во Македонија

СДСМ: Како се доближуваме кон ЕУ и НАТО, така растат и платите во Македонија

Како што Македонија се приближува кон Европската унија и НАТО, расте извозот, се зголемуваат странските инвестиции, а просечната нето-плата во мај оваа година за 7,1 отсто повеќе во споредба со истиот месец од 2017 година, велат во соопштение до медиумите од владејачката партија.

Според СДМ, економските политики на Владата, планот за економски раст, заедно со политиките за интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО даваат резултати.

„Објавените податоци потврдуваат дека економијата се движи во нагорна линија, расте извозот, индустриското производство, се зголемуваат странските инвестиции, растат платите.

Извозот на стоки од Република Македонија во првите шест месеци од 2018 годината бележи раст од 26,5 проценти.

Покрај зголемениот извоз од 26.5 проценти, во јуни оваа година забележан е рекореден индустиски раст од 12.1 проценти, а продолжува и растот на платите.

Според официјалните податоци објавени од Државниот завод за статистика, просечната нето-плата во мај оваа година изнесува 24.509 денари, што е за 7,1 отсто повеќе во споредба со истиот месец од 2017 година“.

СДСМ очекува позитивните трендови дополнително да се засилат, значително да сеинтензивираат со полноправно членство на Македонија во НАТО и ЕУ. Од партијата се убеден дека граѓаните знаат дека членство во НАТО и интеграцијата во ЕУ носи сигурност и повеќе пари. Затоа, СДСМ ги повикува граѓаните да кажат историско ДА за влез во ЕУ и НАТО преку прифаќање на Договорот со Грција кој го гарантира и македонскиот идентитет.